Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Business
  2. Microsoft PowerPoint
Business

Како да додадете презентации на вашите PowerPoint Презентации

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called How to Use PowerPoint (Ultimate Tutorial Guide).
How to Record Narration in a PowerPoint Presentation
How to Control PowerPoint Animation with the Animation Pane

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Кога треба да презентираш важна презентација, PowerPoint е едно од најдобрите лесни за користење алатки за да направиш една таква презентација. Добро изградена PowerPoint презентација го зафаќа вниманието на публиката и ја засилува твојата презентација со визуелни ефекти.

Нема многу програми што ти олеснуваат да додаваш анимации на твоите слајдови како PowerPoint. Во овој туторијал ќе научиме како се додаваат анимации во Microsoft PowerPoint

Забелешка: Во денешниов туторијал, ќе го искористиме популарниот шаблон Simplicity Power Point. Можете да најдете уште добри шаблони за PowerPoint на GraphicRiver

Како да додадете анимации во PowerPoint (Брзо Видео)

Во ова кратко видео, ќе ме видите како додавам анимации во PowerPoint презентација. Ќе ги покријам основните анимации и ќе ги подредам да се појавуваат во оној ред во кој што вие сакате. Погледнете го видеото подолу и научете.

Продолжете за пишана верзија на овие вештини и некои додатни трикови за усовршување на анимации во PowerPoint.

Што се анимации?

Анимациите се визуелни ефекти на објектите во вашата PowerPoint Презентација. Анимациите се користат за да донесат или однесат објекти како текст, слика или табела на вашиот слајд.

Microsoft ги вика овие влезови и излези. Влез е анимацијата што носи нешто на слајдот, додека излезот го трга објектот од слајдот.  Анимацијата може да биде искористена за објект да влезе или излезе од вашиот слајд (или дури да ги стави помеѓу одредени места)

PowerPoint Animations
Искористете ги PowerPoint анимациите со PowerPoint шаблоните како што се Simplicity за да ги анимирате вашиот текст и слики.

Моја препорака е комплетно да ја направите вашата презентација прво, а потоа да ги додавате анимациите. Сконцентрирајте се на содржината и на идеите што сакате да ги прикажете, па потоа додадете ги интересните работи во вид на добро-тајмирани анимации.

Забелешка: Анимациите се визуелни ефекти за објектите на вашите слајдови, но транзициите се анимациите што се случуваат додека се менува слајдот. Овој туторијал ќе ги покрие само анимациите.

Направете ја вашата прва анимација

Лесно е да се додаде анимација на PowerPoint презентацијата. Откога ќе завршите со додавање на сите содржини во вашата презентација, можете да почнете со додавање на анимациите.

  1. Кликнете на објект за да го селектирате на било кој слајд. Ова може да е слика, табела или текст.
  2.  Најдете го Animations јазичето на лентата.
  3. Nајдете го Animation Менито, што има ѕвезда на иконата. Секое од овие претставува ефект на анимација
  4. Кликнете на еден ефект за да го додадете на селектираниот објект. Во овој пример ќе притиснам на Fade за текстот да се појави „од никаде.“
Select object and animate
Во овој пример кликнав на текстот на мојот PowerPoint слајд, потоа кликнав на Fade анимацијата за да го донесам на слајдот. 

Ќе знаете дека слајдот содржи анимација кога мала портокалова кутија со број ќе се појави на слајдот.  Прегледајте ги анимациите со притискање на Preview полето на левата страна од јазичето Animation во PowerPoint.

PowerPoint Animation Preview
Кликнете на Preview полето на Animations јазичето за да пуштите преглед на вашите анимации.

Вашата анимација ќе се пушти кога ќе се префрлите на Slide Show режимот. Секогаш коа ќе кликнете на глушецот или ќе претиснете копче на презентацијата, слајдот ќе се смени. Ова значи преминување на наредниот слајд, или анимирање на следниот објект на истиот.

Тоа е тоа! Ја додадовте првата анимација на PowerPoint. Вежбајте ги вашите вештини со додавање на нареден елемент, како на пример на табела или слика. Да ги погледнеме другите стилови на анимација.

Истражување на PowerPoint анимациски стилови

PowerPoint има многу различни стилови за анимирање објект на вашите слајдови. Со додатоците за анимација можете брзо да донесете или однесете објект од вашиот слајд со еден клик

На Animations јазичето на лентата, има многу стилови со еден клик што можат да се додадат на една слика. Можете да скролате надолу во ова мени за да ги видите, или да кликнете на малата двојна стрелка на долниот десен агол за да ги видите од еднаш.

Видете ги сликите од екран подолу за целата листа на анимации:

More PowerPoint Animation Styles
Кликнете на малата двојна стрелка веднаш до „Effect Options“ за да ви се отвори целата листа на ефекти на анимација во PowerPoint. 

Има голема листа на анимации од која што може да изберете. Еве едноставен водич како тие работат.

  • Анимациите со зелени икони ги внесуваат објектите во слајдот
  • Анимациите со жолти икони ги анимираат објектите на слајдот на некој начин како на пример со вртење или пулсирање (добри за потенцирање на одредени објекти)
  • Анимациите со црвени икони ги однесуваат објектите надвор од слајдот.

Имињата на слајдот се исто така добри показатели за разбирање што анимациите прават. „Fly out“ очигледно предивикува објектот да излезе од слајдот, додека „Float In“ значи дека објектот доаѓа на слајдот.

Искористете го вашето време за да испробате различни PowerPoint ефекти на анимација. Можете да кликнете на било која и PowerPoint ќе ви прикаже краток преглед на истата, директно на слајдот.

Додадете ја вашата втора PowerPoint анимација

Досега, анимиравме еден објект на нашиот слајд. Одиме на вториот!

За да додадеме втора анимација на слајдот, само селектирате втор објект. Потоа, кликнете на една од анимациите во менито.

Multiple animations
Слајд со повеќе анимации во PowerPoint

Штом ќе додадете втора анимација на слајдот, ќе забележите дека секој анимиран објект има мала кутија со број до неа. Тој број го означува редоследот по кој објектите ќе се анимираат. Кутија со 1 значи дека ќе биде анимирана прва, додека 2 ќе биде анимирана по неа.

Што ако сакате да го промените редоследот на анимациите? Продолжете да читате за одговорот.

Како да ги подредите вашите анимации во PowerPoint

Откога додадовте анимации на неколку објекти, можеби ќе сакате да го промените нивниот редослед. Да кажеме дека сакам прво кутијата да влета во слајдот, а потоа заглавјето „Simplicity“.

За да го измените редоследот, осигурајте се дека работите во Animations делот во лентата во PowerPoint. Потоа, најдете ја опцијата што се вика Animation Pane и кликнете на неа.

На десната страна на PowerPoint, Animation Pane ќе се отвори. Ова мени ќе ви помогне да ги подредите вашите анимации во PowerPoint.

Animation Sequencing in PowerPoint
Animation делот го покажува редоследот по кој објектите ќе се анимираат и дека можеме да го искористиме за да го смениме истиот тој редослед.

. Сега, моето заглавје „Simplicity“ покажува 1 до него, што значи дека тој ќе биде прв. Параграфот доаѓа втор и можете да видите дека има 2 до него.

На Animation делот, се што треба да направиме е анимациите да ги подредиме со влечење и пуштање. Ако сакам параграфот да дојде прв, ќе го поместам најгоре на мојата листа на анимации.

Овој параграф се вика „TextBox 23“ во делот за анимации, па јас ќе го кликнам и ќе го завлечам нагоре во листата на анимации како што можете да видите дека правам:

PowerPoint Animation Panel Gif
Работење со PowerPoint делот за анимации

Забележете дека бројот до параграфот се менува од 2 во 1 откога ќе ги подредиме објектите. Ова значи дека сега ќе биде втор анимиран објект на слајдот.

Кога изменувате повеќе објекти на еден слајд, делот со анимации е доста корисен. Може да ви помогне да визуелизирате по кој редослед објектите влегуваат или го напуштаат  вашиот слајд во PowerPoint и можете брзо да им го промените редоследот само со влечење и пуштање.

Кога да користите анимации во вашите PowerPoint презентации

Внимавајте: презентациите не се за анимациите или колку интересни се вашите слајдови, работата е да се задржи вниманието на публиката.

Оваа изрека е од еден од моите омилени филмови и е одличен начин да размислите како да користите анимации.

Вашите научници беа толку преокупирани со тоа дали или не можат да го направат тоа, не мислеа на тоа дали требаа да го направат тоа. – Јура Парк

Само заради тоа што можете да додавате анимации, не значи и дека треба. Дали тие ја подобруваат вашата презентација или само ја оддалечуваат публиката од вашата порака.

Користењето на премногу анимации одвлекува внимание. Кога имате објекти што влетуваат и излетуваат од слајдот, ќе го изгубите вниманието од публиката.

Еве ги четирите клучни приниципи за ставање анимации во PowerPoint:

  • Не ги покажувајте објектите на екранот додека не почнете да зборувате за нив.
  • Ако ставате се на слајдот одеднаш, публиката ќе престане да обрнува внимание на тоа што го зборувате и ќе внимава на текстот на слајдот.
  • Користете едноставни транзиции како Appear или Fade за да вашите слајдови бидат кратки и јасни.
  • Не користете повеќе од еден или две анимации во еден слајд за да се задржи едноставноста.

Пуштете ја презентацијата на самите себеси пред да ја презентирате. Ако мислите дека имате премногу анимации на слајдот, тргнете дел од нив.

Осврт и продолжете да учете

Во овој туторијал, научивме како да користиме анимации во PowerPoint за да ги анимираме на интересен начин елементите на вашиот слајд. Внесувањето на тие клучни моменти или слики на слајдот во вистинско време ќе ви помогнат за совршено презентирање.

Имате сега доволно сила за да ги усовршите вашите PowerPoint вештини? Зошто сега да запрете. Еве некои додатни туторијали за да научите како да правите одлични презентации во PowerPoint.

  • Туторијалот на Бред Смит 37 Effective PowerPoint Presentation Tips ќе ве поттикне за вашата презентација и нуди добри совети за да ја направите истата совршена.
  • Свен Ленартс има водич со стилови наречен 10 Tips and Tricks со повеќе детали на некои од карактеристиките што ги имавме во овој туторијал. Совршен совет како да се оди подлабого со вашите анимации во PowerPoint.
  • Ако не сакате да користите основни шаблони вградени во PowerPoint, Шан Хоџ има листа од best styles of 2016 за да го подобрите изгледот на вашите презентации.

Како сакате да користите анимации во PowerPoint ? Кои се вашите најдобри совети за нивно користење за да го задржи вниманието кај публиката?

Можете да најдете илјадници професионални шаблони во PowerPoint на GraphicRiver или да откриете повеќе одлични опции за дизајн во нашиот Ultimate PowerPoint Templates Guide.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.