Unlimited Powerpoint templates, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Business
  2. Communication

Како да се справите со напорен шеф (7 најдобри стратегии)

by
Difficulty:BeginnerLength:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by iva vukchevikj (you can also view the original English article)

Уморни сте, несреќни и демотивирани. Имате темни кругови под очите, и секоја интеракција со вашиот шеф прави да чувствувате комбинација од бес и фрустрација која ви го попречува сонот.

Ја нема секој таа среќа да има добар шеф. Реалноста е дека се унапредуваат многу луѓе кои го немаат правилното искуство или тренинг за да ракуваат со тим. Тоа е тажно и иронично, земајќи го предвид ефектот кој напорниот шеф може да го има врз менталната благосостојба на вработениот, нивната продуктивност, растот на кариерата, и секако, целта на компанијата.

Dealing with a difficult boss
Можете да научите стратегии за како да се справите со напорниот шеф. (Извор на слика: Envato Elements)

Но покрај тоа, не можете едноставно да се пожалите за вашиот шеф на човечките ресурси, или да дадете отказ само поради тоа што не се сложувате. Размислете за работата која ја вршите, луѓето во вашиот тим, вашата плата и компанијата за која работите пред да одлучите да ја промените работата поради еден лош шеф.

Дали понекогаш мислите дека не сте доволно платени за да се справувате со вашиот лош шеф? Многу луѓе се чувствуваат така. Немојте веднаш да дадете отказ. Прво испробајте ги овие стратегии.

5 чести знаци на лош шеф

Вашиот шеф можеби не е како оние претставени во The Devil Wears Prada или Horrible Bosses, но сепак може да биде невозможно да се работи со нив. Не постои консензус за тоа што е лош шеф, бидејќи постојат многу начини на кои може да ја оплескате работата.

Подолу се прикажани честите лични профили на еден лош шеф:

1. Нарцисистот

Нарцисоидните шефови се грижат само за себеси, особено за како тие изгледаат пред повисокото раководство и останатите вработени. Тие се заинтересирани за слушање само добри работи за нивната изведба, па не очекувајте дека тие ќе ги прифатат вашите коментари. Во повеќето случаи, тие нема ни да сметаат дека тие би можеле да бидат причината за проблемот. Тие исто сакаат да земаат заслуги за работата на нивните подредени, но исто така веднаш би ги обвиниле другите кога работите ќе тргнат наопаку.

2. Оној кој има омилени

Зарем не мразите кога вашиот шеф ќе унапреди некој кој им се допаѓа, наместо да го направат изборот според вештините и искуство? Тешко и демотивирачко е да работите за шеф кој не ја препознава вашата вредност освен ако не сте подготвени да им се умилкувате.

Нивното фаворизирање ги надминува работните унапредувања. Шефовите кои имаат омилени вработени имаат тенденција да даваат подобри прегледи за изведбата, проектите и распоредите на луѓето кои им се допаѓаат.

3. Микроменаџерот

Без разлика дали се несигурни во својата работа или имаат проблеми со контрола, микроменаџерите сакаат да наредуваат како точно сакаат нивните вработени да ги извршуваат задачите, сѐ до најситниот детаљ.

4. Духот или под-менаџерот

Духовите се преправаат дека се грижат за развојот на вработените, но не доволно за да ги посветат времето и поддршката кои се потребни за тој раст. Тие ретко комуницираат, оставајќи ги вработените во мрак за нивните очекувања и навременоста на проектите. И ова е причина зошто нивните вработени не знаат дали она што го прават е добро или погрешно, па дури и оние кои се грижат за својата работа евентуално губат интерес.

Тешко е да почувствувате дека „добро сте ја извршиле работата“ кога пред сѐ, не постојат очекувања кои треба да ги достигнете.

5. Робовладетелот

Ваквите шефови знаат дека нивните вработени се веќе преуморни, но сепак им натрупуваат повеќе работи кои треба да ги извршат. На нив едноставно не им е гајле. Некои од овие шефови се толку напорни бидејќи некој од повисокото раководство исто така им врши притисок. Другите се едноставно зависници од работа и очекуваат останатите околу нив да бидат во чекор со темпото кое го наредуваат. Овој туторијал има неколку добри предлози кои ќе ви помогнат со тоа:

Дали вашиот шеф е навистина толку лош? Може ли да е недоразбирање?

Пред да ги испробате стратегиите подолу, прво треба да потврдите дека навистина се справувате со напорен шеф.

Неколку дена набљудувајте го однесувањето на вашиот менаџер. Споредете колку пати лошо и добро ги извршува работите. Овој добар-лош однос ќе ви даде не-субјективен начин да одредите дали е напорно да работите со вашиот шеф или само мислите дека е така.

Пробајте да ги погледнете работите од нивна перспектива кога ќе погрешат. Можно ли е надворешни сили кои се вон нивна контрола да бидат причината за нивниот неуспех или негативно однесување? Размислете за нивните мотиватори, стравови, и сѐ останато што би можело да влијае на нивното однесување. Притисокот од повисокото раководство, муштериите и инвеститорите можат исто така да влијаат врз нивното однесување.

Можно ли е едноставно да имаат лош ден? Можеби вие сте премногу пребирливи и ги критикувате за ситници. Бидете искрени со вашите набљудувања.

Вежбата погоре не гарантира дека ќе го промените начинот на кој го гледате вашиот шеф. Но барем може да ви помогне да сочувствувате со нив, што може да доведе до подобро разбирање помеѓу вас.

7 стратегии за како да се справите со напорниот шеф

Да претпоставиме дека сте ја извршиле горната вежба и сте дознале дека вашиот шеф е онолку злобен и некомпетентен колку што сте си мислеле.

Не е време да дадете отказ или да побарате човечките ресурси да интервенираат. Иако според правилникот на човечките ресурси на вашиот работодавец се наведува дека тие имаат моќ да ги посредуваат врските помеѓу шефот и вработените, не треба да се потпирате на тоа. Вработените во човечки ресурси може да одлучат да не сторат ништо поради влијанието на вашиот менаџер или поради некои други причини.

Употребете ги следните противмерки кога се справувате со напорен шеф:

1. Претпоставете дека вашиот шеф не е свесен за нивните мани

Започнете со начинот на мислење дека вашиот шеф можеби не знае дека е напорен. Можеби сте собрале докази за лошото однесување на вашиот менаџер, но постои голема можност дека и двајцата гледате на тоа од различни гледни точки.

На пример, вашиот робовладетелски шеф можеби не разбира дека не секој е толку мотивиран како нив. За нив, силна работна етика може да значи дека не се напушта канцеларијата додека работата не е завршена. Вашата дефиниција е различна. Директниот шеф нема да мисли дека не управува добро поради недостатокот на повратни информации, туку дека така ќе го поттикне својот тим сам да донесува одлуки.

Моментално, сѐ што имате е недоразбирање кое и двајцата можете да го разрешите преку комуницикација.

2. Проучете ги причините за конфликт помеѓу вас

Немојте да им истапите и почнете да ги набројувате работите кои ги прават погрешно. Ако постапите така, ќе изгледа како да ги критикувате. Уште полошо, давањето негативни повратни информации кога вашиот шеф се обидува да разреши некој тежок проблем само ќе ги разлоши односите. Одберете го вистинското време и место, по можност кога вашиот шеф не е зафатен.

Анализирајте ги заедничките извори на конфликт меѓу вас, а потоа набројте барем две потенцијални решенија за секој проблем. Во овој случај, решението е да се фокусирате на она што може да го сторите за да се реши проблемот, а не само на маните на вашиот менаџер.

3. Договорете се кога да се сретнете и разговарате за проблемите и решенијата

Кога конечно ќе имате добра можност да разговарате, започнете со тоа што ќе им кажете дека сте препознале неколку „можности за подобрување“ во начинот на кој вие работите заедно. Потрудете се да не ги употребите зборовите „конфликт“ или „лошо управување“. Потоа, накусо опишете ги точките на конфликт што сте ги анализирале претходно.

Не очекувајте дека вашиот шеф ќе се согласи со секој конфликт кој ќе го споменете. Можеби ќе станат одбранбени, па затоа слушајте и пробајте да погледнете на работите од нивна перспектива. Ако работите се вжештат, полека свртете го разговорот кон наоѓањето на решение на кое и двајцата ќе можете да работите за да го избегнете истиот проблем во иднина.

Ако ве прави да се чувствувате вознемирено тоа што директно ќе го прашате шефот за состанок, прашајте го по е-пошта. Овој туторијал може да ви помогне да ја напишете пораката:

4. Надминете ја нивната слабост

Некои од лошите навики на вашиот шеф лесно можат да бидат поправени со мало прилагодување од ваша страна.

Примери за методи кои можете да ги употребите за да се справите со напорниот шеф со тоа што ќе ја разберете нивната слабост: 

Метод 1. Бидете еден чекор пред нив

На пример, може да биде поподносливо да работите со микроменаџерите ако им пратите листа со вашите задачи за денот, вклучувајќи и како планирате да ги исполните. Степенот на детаљ кој ќе го вклучите треба да соодветствува со „нагоните“ на микро-управување на вашиот шеф. Ако доволно пати го повторите тоа, вашиот менаџер може евентуално да сфати дека вие ги знаете вашите одговорности и како добро да ги извршите.

Метод 2. Идентификувајте што го поттикнува лошото однесување

Лошото однесување на вашиот менаџер не доаѓа од никаде. Мора да има некаков поттик; но вие сѐ уште не знаете кој е. Следниот пат кога шефот ќе се налути, размислете што се случило само неколку минути или секунди претходно. Видете дали после неколку дена набљудување ќе се појави некаква шема или чест поттик.

Откако ќе дознаете кој е нивниот поттик, ќе знаете кога да избегнувате контакт со нив. Секако, не треба да се спомене дека треба да одбегнете да го правите и она што ги нервира.

Метод 3. Престанете да претпоставувате дека знаат сѐ

Не сите менаџери се унапредени или вработени поради нивното импресивно знаење за работата. Понекогаш, тие се вработени поради слични искуства или нивните човечки вештини. Тоа не ги прави лоши менаџери. Тоа само значи дека тие немаат доволно работно искуство во вашиот специфичен оддел. Ако тоа е случајот, најдете некој друг кој ќе може да ви помогне.

Секогаш прво прашајте го вашиот шеф. Не сакате да направите да се чувствуваат дека работите над нив.

5. Побарајте помош од колегите кои се чувствуваат исто како вас

Сигурен знак дека е напорно да се работи со вашиот шеф, е дека и вашите колеги ги споделуваат истите мислења за нивното управување и човечки вештини. Ако тоа е случајот, можете да разговарате со вашите колеги за тоа.

Но не правете го тоа за да се жалите или критикувате вашиот шеф, бидејќи тоа може да биде искористено против вас. Наместо тоа, видете дали вашите соработници се согласуваат да имате состанок со вашиот шеф, и да разговарате за вашите проблеми и предложени решенија, како што е опишано во третата стратегија.

6. Документирајте ја секоја злоупотреба

Понекогаш не е доволно да знаете како да се справите со грубиот шеф, особено ако се навредливи. Лошото однесување на вашиот шеф може да се смета за малтретирање ако ви викаат, ве навредуваат или непотребно го прават вашето искуство на работа уште полошо. Документирајте случаи на злоупотреба, за да можете да им ги покажете на човечките ресурси кога ќе се откажете откако сте направиле сѐ што сте можеле, но ништо не помогнало.

Тоа што имате физички доказ или барем дневник од злоупотребите на вашиот шеф можеби нема да гарантира дека ќе ја победите битката со човечки ресурси, но ќе биде полесно за управувањето на вашиот работодавец да ве поддржи.

7. Минимализирајте го контактот додека се обидувате да најдете подобра работа

Овој чекор важи само ако сите горенаведени стратегии не функционираат и внимателно чекате додека не најдете подобра работа.

Оддалечете се од вашиот шеф така кога е возможно, ќе комуницирате со него само преку е-пошта. Не привлекувајте внимание на вас за време на состаноци и зборувајте со нив само кога е потребно. Правејќи го ова не значи дека ќе ги изедначите работите ако земате подолги паузи за ручек или почесто земате боледување. Тоа само ќе ги разлоши работите, па спротиставете му се на нагонот да му го отежнете животот на вашиот менаџер.

Наместо тоа, фокусирајте ги фрустрацијата и негативните емоции кои ги чувствувате за вашиот шеф кон наоѓање на нова работа. Искористете го дополнителното време дома да го прегледате вашето резиме, или да му дадете нов изглед за да го подобрите, и најдете нови понуди за работа. Искористете го дополнителното време од вашата пауза за ручек за да одите на информативни интервјуа.

Кога да почнете да барате нова работа

Ако сте пробале сѐ за да се сложите со вашиот шеф и едноставно не можете да ги подобрите работите, можеби е време да продолжите понатаму. Нема ништо лошо во тоа. Овој туторијал ќе ви помогне да ја напуштите вашата работа најграциозно што можете, под околностите.

Ако сте одлучиле да барате нова работа, ќе сакате да го ажурирате вашето резиме. Нашите Како да создадете одлично резиме (најдобар водич) Envato Tuts+ серии, можат да ви помогнат да го создадете најдоброто можно резиме.

Добар начин да добиете впечатливо и професионално резиме, е да користите образец за резимеа. Можете да најдете неколку првокласни обрасци кои се лесни за ажурирање на Envato Elements или на GraphicRiver.

Пред сѐ, ќе сакате да бидете сигурни дека вашата нова работа е подобра од сегашната.

Како во иднина да одбегнете лоши шефови

Откако имате искусено како е да се работи со лош шеф, сигурни сме дека во иднина би сакале да ги избегнете.

Следниот пат кога ќе имате интервју во нова компанија, прашајте ги потенцијалните колеги и човечките ресурси за вашиот иден шеф. Додека не можете експлицитно да прашате за нивните негативни однесувања, можете да прашате за нивниот стил на комуникација и управување за да видите колку би биле компатабилни. Дел од учењето како да се сложите со напорниот шеф е да научите како всушност да ги избегнете.

Што ќе решите да направите во врска со вашиот шеф зависи од вас. Ги имате информациите кои ќе ви помогнат да се справите со напорен шеф. Исто така, имате средства кои ќе ви помогнат да започнете да барате нова работа, доколку решите да го сторите тоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.