Како да работите со слики во PowerPoint (Сите упатства)
Macedonian (Македонски јазик) translation by Erzana Abazi (you can also view the original English article)
Презентациите во PowerPoint ги содржат сите видови содржини: текст, видео, аудио, и слики.
Слајдовите кои содржат само текст треба да имаат разновидност за да го привлечат вниманието на вашата публика. Без разлика дали е тоа слика, илустрација или графика, Powerpoint има уредни алатки за префрлување и уредување на дадотеките so слики .



Често сликите имаат потреба да се исечат, да се смени големината и повеќе други измени за да се вклопат во презентација. Апликациите како Photoshop имаат алатки за уредување на слики но се тешки за учење.
Добрата вест е што PowerPoint основни опции за уредување слики во апликација. На вашата презентација можете да додадете слики и да ги уредите без да отворите посебен фото едитор/ уредувач на слики.
Еве ги алатките за слики во PowerPoint кои ќе ги научите како да ги користите во овој туторијал :
- Resizing (Промена на големината). Скалирајте слика во PowerPoint со точна големина
за вашиот слајд.
- Rotating (Ротирање). Превртете/ротирајте слика за да ја поставите во правилната насока, вклучувајќи ја прикажувањето хоризонтално или вертикално.
- Cropping (Сечење). Изберете дел од сликата во PowerPoint за да го отстраните.
- Removing picture backgrounds (Отстранување на позадината на сликите). Ако вашата слика има бела позадина и сакате да ја отстраните, PowerPoint има алатка за отстранување на позадина.
- Image effects (Ефекти на слика). Додајте нијанси (на боја) и прилагодете ја сатурацијата на сликата (вклучувајќи црно-бело) во вашата PowerPoint презентација.
Како да работите брзо со слики во PowerPoint (Гледај и научи).
Оваа снимка ќе ви покаже комплетен сет на инструкции за уредување на слики во PowerPoint. Ќе ви го научиме секој чекор, од префрлување на слика во вашиот слајд до коригирање и уредување.

Извор: Оваа слика на бизнис-тим од Envato Elementс која ги има сите авторски права заштитени, ја користиме во видеото погоре.
Прочитајте повеќе за совети како да ги уредите и како да работите со слики во PowerPoint.
Како да вметнете Слики во PowerPoint.
Да започнеме со додавање слики на презентацијата на PowerPoint. Има две главни начини како да се вметнуваат слики во PowerPoint; можете едноставно да вметнете слика од клипборд или да внесувате слика од датотеката во вашиот компјутер.
1.Вметнете слики.
Вметнување слика во PowerPoint е толку лесно како што звучи. Почнете со копирање на сликата што ќе ја најдете на интернет и вметнете ја во вашата табла (со десен клик и изберете " Copy " или " Copy Image".)
По копирањето, одберете го слајдот во кој сакате да ја додадете сликата. За да ја вметнете сликата, треба да користете кратенка на тастатура (Ctrl / Cmd + V), или десен клик и изберете ја иконата за да ја вметнете сликата.



2.Вметнете Слики од вашиот компјутер.
Мојот омилен начин на додадење слики во PowerPoint е прво да ги зачувам во мојот компјутер, а потоа да ги вметнам во датотеката на PowerPoint. Ова помага да ги следите сите датотеки во вашата презентација, а дури можете да изберете и повеќе датотеки и да ги внесувате сите истовремено.
За да Вметнете слика од вашиот компјутер, одете кај јазичето Insert (Вметни) на лентата на PowerPoint. Кликнете на копчето Pictures (Слики) за да го отворите пребарувачот на датотеки.
Потоа, пребарајте каде се складирани вашите слики и кликнете на нив во пребарувачот на датотеки.



Кликнете на Insert за да ги додадете сликите на тековниот слајд.
Можете исто така да кликнете на стрелката надолу до Insert и да изберете за дополнителни скриени опции. Овие се (по)напредни начини за работа со слики:
- Insert(Вметни).Ова е стандардна опција за вметнување слики која ја става датотеката со слика во вашиот PowerPoint. Ја зголемува датотеката на презентацијата, но работи дури и кога ќе ја испратите на други.
- Link to File (Линк до датотека). Овој линк едноставно се поврзува со оригиналната датотека, така што ќе треба да ја задржите во вашиот компјутер за PowerPoint да го прикаже правилно.
- Insert and Link (Вметни и поврзувај линк). Ако оригиналната датотека се промени, исто така и верзијата на слајдот на PowerPoint ќе се ажурира.
Сега штом ја имате вметнато сликата на презентација, време е да ги проверите алатките за уредување на слики.
Како да ја смените големината и ротирате слики во
PowerPoint Кога изберете слика во PowerPoint, на аглите на сликата се појавуваат бели кругови. Променете ја големината на сликата со кликнување на еден од овие кругови и влечење сè додека ја добиете саканата големина.
Стандардно, PowerPoint го заклучува соодносот на ширина/висина при промена на големината. Ова значи дека нема да дозволи истегнување кога ќе ја промените големината.



Ако сакате да го
исклучите ова, ќе треба да кликнете со десното копче на сликата и да изберете Size and Position (Големина и Позиција). На десната
страна на PowerPoint ќе се отвори мени, и ќе треба да отштиклирате на кутичето Lock aspect ratio.
Погледнете дека исто така на екранот погоре можете да ја напишете точната големина за сликата на новото мени. Ако ги знаете точните димензии што ви се потребни за сликата, функција навистина е корисна.
Исто така можете да навалите слика со грабење на кружната стрелка над сликата и влечење од лево на десно.



Како да ротирате слика во PowerPoint.
Во продолжение ви покажуваме како да ја ротирате сликата кога е на погрешна насока. Во PowerPoint можете да ротирате слика 90 степени користејќи ја опцијата Rotate во менито Picture Tools.
Осигурајте се повторно дека ја имате избрано сликата и се наоѓате во менито Picture Tools> Format. Копчето Rotate е на десната страна од опциите на лентата. Изберете Rotate Right 90 или Rotate Left 90 за да ја ротирате сликата.



Исто така, сликата можете да ја превртувате со опциите Flip Vertical и Flip Horizontal. Помислете на овие како “отсликување” на слика. Ако имате текст во позадина на сликата, можете да ја користите командата flip за да ја исправите.
Како да исечете слика во PowerPoint.
Сечење слика во PowerPoint е лесна работа. Изберете слика, осигурувајте се дека работите на јазичето Picture Tools на лентата на PowerPoint и кликнете на Crop.



Опцијата Crop ќе вметне црни рачки на аголот и рабовите на сликата. За да ја исечете сликата, искористете ги овие рачки и повлечете ги за да го одберете делот од сликата што сакате да ја зачувате.
Кога ќе ги повлечете овие рачки, PowerPoint ја затемнува областа на сликата што ќе ја исечете. Поместете ги рачките додека ја имате токму таа област што ја посакувате, а потоа притиснете Crop за да ги заклучите вашите конечни димензии(на сликата).



Ако сакате повторно да ја исечете сликата, едноставно селектирајте ја и повторно внесете го менито за сечење. Можете дури и повторно да селектирате делови од сликата што претходно сте ги исфрлиле.
Како да ја отстраните позадината на сликите во PowerPoint.
Една од најфункционалните алатки за слика во PowerPoint е способноста/опцијата за отстранување на позадината на сликата. Сигурно сте биле во ваква ситуација порано: имате графика како лого или икона со еднобојна позадина.
На пример, сликнете кадар од екранот екранот подолу. Ако сакаме да го користиме Графичкото лого на Envato без бела позадина, тогаш можеме да ја употребиме функцијата Remove Background (Отстрани позадина).
Изберете слика, кликнете на копчето Remove Background во менито Picture Tools (Алатки за слика).



PowerPoint покажува нова опција каде што можете да ги поставите точките за отстранување и задржување на сликата. Розовата површина го покажува делот од сликата што PowerPoint ја отстранува како позадина.
PowerPoint најпрво претпоставува кои области да ги отстрани. Можете да го насочите изборот со користење на опцијата Mark Areas to Keep (Означени области за чување) и Mark Areas to Remove (Означени области за отстранување) на лентата.
Кликнете на овие опции, потоа поставете ги точките на делот од сликата што сакате да ја зачувате и отстраните. PowerPoint ќе се прилагоди да ги отстрани тие областите што вие ги селектирате. Користете ги двете опции за да го насочите PowerPoint да ги отстрани и задржи само тие области што треба.



На примерот/скриншотот погоре, можете да видите како ја користивме оваа алатка. Ја поставивме опцијата “Keep" кај области за текстот и иконата на логото. Откако ќе притиснете Keep changes, PowerPoint ќе ја отстрани позадината на сликата.
Работете во PowerPoint со алатки за слики.
За крај, да им посветиме внимание на некои од алатките за слика(Picture Tools) за да ги прилагодиме/адаптираме и да го смениме изгледот на сликите во PowerPoint. Овие алатки го менуваат изгледот на оригиналната слика.
Осигурајте се дека имате избрана слика. Кликнете на Picture Tools> повторно опцијата Format на лентата за да пристапите до алатките за прилагодување на сликата. Да погледнеме неколку клучни алатки.
1. Corrections (Поправки)
Кликнете на Corrections од левата страна на лентата за да пристапите до две клучни алатки: Sharpen / Soften, и Brightness / Contrast. Ако сте работеле со која било апликација за уредување на слики, овие термини и ефекти се веќе познати за вас. Опцијата за острење(Sharpening) може да ги подобри деталите на сликата.
Преместете го над кое било од претходните сликички за да го видите ефектот врз сликата и кликнете за да го примените.



Brightness and contrast(Осветлување-то и контраст-от) ќе се прилагодат на експозицијата и целокупното влијание на сликата. Пробајте ги овие опции ако сакате да осветлите темна слика.
2.Color (Боја)
Менито за бои Ви овозможува да го прилагодите изгледот на бојата на слика. Можете да го користите Color Saturation (опции за набљудување на боја) за да го намалите или зголемите интензитетот на бојата (вклучувајќи претворење/конвертирање на слика во црно-бела слика).



Кликнете на кој било од овие сликички за да го примените избраниот ефект. Сликата ќе се прилагоди на избраниот стил на боја.
Постојат и други алатки како што се менито Artist Effects и програмирање на Style за додадење декоративни рамки. Испробајте ги овие и исто така пробајте да додадете некој креативен детаљ на сликата.
Вежбајте и продолжете да учете повеќе за PowerPoint.
Во овој туторијал научивте за вградените опции на PowerPoint за модификација и работење со слики. Постојат доволно можности за да се заобиколи отворањето/употребувањето на Photoshop или Pixelmator за уредување на слика во PowerPoint.
Овој туторијал ви даде вештини за самоуверено работење со слики во PowerPoint. Има многу други совети и алатки за презентација. Проверете ги овие Envato Tuts + упатства за да продолжите со учењето:
- Microsoft PowerPointКои димензии се правните димензии за вашите слајдови во PowerPoint?Андреј Чајлдрес(Andrew Childress)
- Microsoft PowerPointКако да се намалува големината на датотеката во вашиот PowerPoint.Андреј Чајлдрес(Andrew Childress)
- Microsoft PowerPointКако да направите одлични графики во Microsoft PowerPoint.Андреј Чајлдрес(Andrew Childress)
Исто така имаме многу професионални шаблони на PowerPoint со одлични опции за дизајн. Разгледајте ги овие курирани колекции:
- Microsoft PowerPoint17+ Најдобри модели за дизајн во PowerPoint за 2017 година.Шон Хоџ(Sean Hodge)
- Microsoft PowerPoint25 + Прекрасни шаблони од PowerPoint со кул PPT дизајни.Шон Хоџ(Sean Hodge)
Како работите со сликите на вашата презентација? Дали секогаш ги уредувате во друга апликација, или ги користите алатките на PowerPoint? Информирајте нè на коментарите.
